Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Реал Мадрид е најпопуларен клуб во Македонија и во светот

Европскиот првак има најмногу навивачи во повеќе од половина држави низ светот

Во истражувањето на британската компанија „ЈД Спортс“ беа анализирани илјадници податоци за фудбалските клубови и резултатот е дека Реал Мадрид е најпопуларен фудбалски клуб на сите континенти, освен во Австралија. 
Во Африка доминира Реал, но има и по 6-7 земји во кои најмногу навивачи имаат Манчестер јунајтед и Арсенал, додека во Египет (веројатно поради Мо Салах) најпопуларен е Ливерпул. Арсенал е најпопуларен и во Австралија. 
На азискиот континент, исто така, убедливо најпопуларен е актуелниот европски првак, а интересно е тоа што во Моинголија најмногу фанови има Челзи. Во Турција првото место е за Барселона, а ретко се појавуваат и земји во кои најпопуларни се Ливерпул, Манчестер и Арсенал.
Се разбира, најшарено е во Европа. Реал го држи врвот во Шпанија, Русија, поранешните југословенски земји (освен Словенија, каде што прва е Барса), Швајцарија и во уште неколку балкански и поранешни советски републики. И во Македонија, Реал Мадрид е клубот со најмногу навивачи. 
Во Англија, Арсенал е прв, во Украина е Ајакс, во Германија е Борусија Дортмунд, а во Грција е ПАОК. 
На американските континенти, Реал е доминантен во САД и Канада и во повеќето јужноамерикански држави, освен најголемите. Во Бразил, Фламенго е најпопуларен, а во Аргентина е Ривер плате. Во Мексико, најсакан е Круз Азул. 

 

Најнови вести