27.8.2018 Тотенхем за 133 секунди ги шокираше „црвените ѓаволи“
Хари Кејн и Лукас Мура му донесоа голем триумф на лондонскиот клуб на „Олд Трафорд“
Тотенхем го разби Манчестер јунајтед со 3-0 и дојде до својата само четврта победа на гостувањето кај ривалот во последните 40 минути.
Првиот гол беше дело на Хари Кејн, кој сега има погодено на 25 од 28-те стадиони од Премиерлигата на коишто играл. Тој не ја тресел мрежата само во Кардиф, Сандерленд и „Болејн граунд“ (Аптон парк), кој е стадион на Вест хем. Само 133 секунди подоцна, Лукас Мура зголеми на 2-0 и веќе беше јасно кој ќе триумфира, а Бразилецот стави и точка.
Маурисио Покетино им се придружи на Тери Vенејблс, Андре Вилаш-Боаш и Тим Шервуд како единствени тренери на Спарс кои славеле на „Олд Трафорд“. Покетино има четири победи против колегата Жозе Мурињо, кому местото на клупата на „црвените ѓаволи“ му е загрозено. Од март 1963, Тотенхем не победил на „Олд Трафорд“ со постигнати повеќе од два гола.
На тимот од Манчестер, од сезоната 1992/93 наваму не му се случило да има два порази во првите три кола. Тогаш на полусезона го купија Ерик Кантона и освоија титула, а изгледа и сега им треба екстра засилување.
Со новите три бода, Тотенхем им се придружи на Ливерпул, Манчестер сити и Ватфорд, како единствени екипи во Премиер лигата со 9 бода.