07.8.2018 Покетино се радува што Кејн е разочаран после СП
На тренерот му се допаѓа кога некој не се задоволува со 4 место
Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, изјави дека е среќен што неговата прва ѕвезда, Хари Кејн, бил многу разочаран после Светското првенство во Русија на кое Англичаните стигнаа до полуфиналето, но завршија како четврти. Покетино верува дека Кејн сега е уште погладен за голови и успеси.
Напаѓачот на Тотенхем, на СП даде шест кола и беше прв стрелец, но три беа против слабата Панама, а во нокаут фазата постигна само еден, и тоа од пенал против Колумбија.
„Хари беше многу разочаран после СП. Му честитав за златната копачка, но тој ми рече дека нема што да се честита, бидејќи е разочаран, и оти требало да постигне повеќе голови. Да се биде четврти на светот не е доволно за него, и мене многу ми се допаѓа тоа размислување. Исто како што не е доволно да бидеш втор или трети во Лигата на шампиони. Многу сакам кога играчот има желба да биде најдобар“ - изјави Покетино.