Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2018

Најдобриот тим на Премиер лигата: Петмина од Сити, Салах, Кејн, Де Хеа...

Кајл Волкер, Николас Отаменди, Давид Силва, Кевин де Бројне и Серхио Агуеро, фудбалерите на Манчестер сити, се избрани во најдобриот тим на Премиер лигата оваа сезона во изборот на Англиската фудбалска асоцијација.

Новиот шампион на Англија, логично, имаше најмногу играчи меѓу најдобрите 11, додека тројца се од Тотенхем – Јан Вертонген, Кристијан Ериксен и Хари Кејн.
Покрај Кејн и Серхио Агуеро, место во нападот доби и Мохамед Салах од Ливерпул, првиот стрелец на Премиер лигата со 30 погодоци.
Најдобрите 11 се: Давид де Хеа (Манчестер јунајтед), Кајл Волкер (Манчестер сити), Јан Вертонген (Тотенхем), Николас Отаменди (Манчестер сити), Маркос Алонсо (Челзи), Давид Силва (Манчестер сити), Кевин де Бројне (Манчестер сити), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Мохамед Салах (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем) и Серхио Агуеро (Манчестер сити).

Најнови вести