Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2018

Агуеро ќе паузира и против Тотенхем

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, изјави дека Серхио Агуеро ќе го пропушти претстојниот натпревар во Премиер лигата против Тотенхем.

„По натпреварот во вторникот, тој ми рече дека не може да трча. Се надеваме дека ќе биде подготвен за последниот натпревар и за Светското првенство“, изјави Гвардиола за британските медиуми.
Сити во минатото коло ја пропушти шансата да ја обезбеди титулата во Премиер лигата бидејќи беше поразен од Манчестер јунајтед, а потоа изгуби и од Ливерпул во Лигата на шампионите.
За прослава на титулата во Премиер лигата, на екипата на Пеп Гвардиола потребно ѝ е да победи на „Вембли“ и Јунајтед да биде поразен од Вест Бромич.
„Ќе биде тежок натпревар, Тотенхем е фантастичен тим“, изјави Гвардиола.
Натпреварот меѓу Тотенхем и Манчестер сити се игра вечерва, од 20.45 часот.

Најнови вести