Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Вулверхемптон го спречи „ураганот“ Манчестер сити

„Волците“ со помош на „божјата рака“ стигнаа до водство, Лапорт не дозволи прв пораз на шампионите за оваа сезона

Вулверхемптон и Манчестер сити одигра реми од 1-1 на стартот од третото коло во Премиер лигата. По возбудливото прво полувреме во кое Сити на два пати го тресеше дирекот, домаќините први дојдоа до водство на мечот во 57-та минута, а погодокот го постигна Вили Боли, и тоа со рака. Арбитражата не го примети спорниот момент, па голот се важеше.

По лавината напади на „граѓаните“ да стигнат до израмнувачки гол, Гиндоган од прекин му асистираше на Лапорт во 69-тата минута. До крајот и двете екипи имаа шанси за осовјување на сите три бода, особено Агуеро во судиското надополнување кога ја погоди пречката од слободен удар, но мрежите мируваа до последниот судиски свиреж.

Најнови вести