Корисничко име Лозинка Пријави се
25.6.2018

Кејн: Мораме да веруваме

Англија вчера попладне со 6-1 ја декласираше Панама во второто кола и после две кола има шест бодови и гол разлика 8-2 (исто како и Белгија).

Англија годинава на Светското првенство беше испратена со мали очекувања по разочарувањето во Бразил пред четири години кога не ја поминаа групата.
„Мораме да веруваме во себе, иако пред нас е долг пат и многу напорна работа. Фантастично е што на ваков начин ја поминавме групата, а сега треба да останеме доследни на својата игра“, изјави Кејн по натпреварот на кој постигна три гола – два од пенал и еден по случајно одбиена топка по ударот на Лофтус-Чик.
Групата Г е решена за првите две места, а останува прашањето кој ќе биде прв – Белгија или Англија, а тоа ќе го решат во меѓусебниот дуел во четврток во Калининград.
Другото важно прашање е кој во осминафиналето ќе добие поповолен противник. 
„И на тој натпревар мораме да му пристапиме со победнички амбиции. Многу сум горд на соиграчите и на навивачите, уживаме на ова Светско првенство и треба вака да продолжиме натпревар по натпревар“, изјави капитенот на англиската селекција.

Најнови вести