Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Кристал Палас се коцка, го купи малерозниот Џордан Ају

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас во последен час се засили со репрезентативецот на Гана, Џордан Ају, фудбалер кој има мошне интересно минато

Ају има само 26 години, кога е во топ-форма е одличен играч, но во последно време го бие неверојатен малер. Со последните четири клуба каде настапуваше постојано беше во долниот дел на табелата, а екипите како по правило испаѓаа.
Кариерата ја почна во Олимпик Марсеј и за пет години минати на „Велодром“, од 2009 до 2014 година покажа дека е фудбалер од одличен калибар. Веднаш, првата сезона беше и првак на Франција со Марсеј, освои и три пехари во купот, но се потоа беше за заборав. Се пресели во Сошо, клуб кој испадна со Ају во составот. Истата судбина му се случи и со Лориент и со Астон Вила и лани со Свонси.
Без разлика на се, раководството на Кристал Палас одлучи да го ангажира офанзивецот од Гана, а останува да се види сезонава дали Џордан ќе успее да ја прекине црната серија.

 

Најнови вести