Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2018

Мајсторијата на Павар најубав гол на Мундијалот

Францускиот фудбалер Бенжамен Павар ја освои наградата за најубав гол на Светското првенство благодарение на погодокот кој го постигна во триумфот на „триколорите“ над Аргентина во осминафиналето.

Дефанзивниот фудбалер, кој покажа одлична техника упатувајќи ја топката од работ на казнениот простор, доби најмногу гласови на интернет-страницата на Светската фудбалска федерација. Поточно, за него гласаа точно три милиони навивачи.
„Воопшто не размислував за тоа. Само се обидов да ја стигнам топката и да ја удрам. Топката отскокна на патот до мене. Се обидов да ја удрам во правецот од којшто дојде, бидејќи напаѓачите секогаш ми го кажуваат тоа “, изјави 22-годишниот Павар по натпреварот.
Франција ја победи Хрватска со 4-2 во финалето на Мундијалот и со тоа по втор пат стана светски шампион.
Второто место во гласањето го зазеде голот на Хуан Кинтер од слободен удар за Колумбија во дуелот со Јапонија, додека трет е погодокот на Лука Модриќ на натпреварот меѓу Хрватска и Аргентина во групната фаза.

Најнови вести