Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2018

Ловрен: Ова ќе нè прогонува со години

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен изјави дека неговата екипа нема за што да жали по поразот во финалето на Светското првенство од Хрватска, но дека тој резултат долго ќе ја прогонува.

„Јуначки паднавме. Немаме за што да жалиме. Гиневме на теренот, и додека беше 1-4, не се откажувавме. Некој мора да изгуби. Изгубивме на глупав начин, а со тоа нема да можеме да се помириме долга низа години. Ова беше големо задоволство. Ова е страшна работа за сите кои веруваа во нас, посебно за (селекторот) Златко Далиќ. Ние сме победници“, изјави Ловрен, а пренесоа хрватските медиуми.
Хрватска во финалето на Светското првенство во Москва изгуби од Франција со 4-2. Тоа е најдобриот резултат во историјата на хрватскиот фудбал.
„Во првото полувреме бевме подобри, напаѓавме, но немавме среќа. Тие постигнаа четири погодоци од три удари кон голот. Но, ѝ честитам на Франција, ја заслужи победата“, изјави хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.
Дефанзивниот играч Домагој Вида со солзи го напушти „Лужники“. Со часови не можеше да се смири.
„Се мешаат чувствата, ние сме горди на својот успех. Нормално дека сме тажни бидејќи го изгубивме последниот натпревар, на тоа последно скалило. И овие солзи исто така се мешаат, и радосници се и тажни. Особено кога ќе застанеш пред нашата трибина и тие ти ги даваат сите комплименти. И затоа ни е тешко. Кога ги читаме тие пораки, жал ни е што не го носиме златото дома. Уште еднаш, мислам дека можеме да бидеме многу горди. Поради тоа што нашата земја и нашите луѓе ги направивме среќни. Тоа е најголемата награда, повредна од сè. Кога видовме дека овој месец Хрватска дише како едно, во оваа тешка ситуација. Ги обединивме луѓето“, изјави Вида.

Најнови вести