Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2018

Субашиќ: Видо, само немој да пееш...

Даниел Субашиќ, голманот и еден од хероите на репрезентацијата на Хрватска, се пошегува со соиграчот Домагој Вида додека даваше изјава по пласманот во финалето на Светското првенство.

Фудбалерите на Хрватска направија незаменлив успех и се пласираа во финалето на Светското првенство во Русија со победата над Англија со 2-1 по продолженијата.
При разговорот со новинарите, Субашиќ забележал дека Вида им приоѓа на другите колеги и го опоменал да внимава што зборува.
„Видо, немој само да пееш“, му рече Субашиќ на соиграчот кој последните денови беше во центарот на вниманието славејќи ја Украина.
Субашиќ изјави дека неговиот тим заслужено победил.
„Бевме подобри, не зае..вајте. Малку и судиите влечеа кон нив, сите други топки одеа во нивна корист. Им симнувам капа на сите. Лудило, чудо... Ги поминавме овие од ’98, сега сме само ние“, изјави Субашиќ.
Чуварот на мрежата не можеше да го сокрие воодушевувањето по триумфот.
„Ова е сон. Не можеш да замислиш дека ќе играш во финалето на Светското првенство. Посебно за мене, бидејќи знам кога излегов од Хрватска. Тоа го кажував многупати и секогаш ќе го повторувам. По сè што поминав, ова за мене е нешто невозможно“, изјави голманот на хрватската репрезентација.
Голманот на Монако во недела ќе игра против многу соиграчи од клубот, бидејќи противник во финалето ќе биде селекцијата на Франција.
„Се слушам со сите, им реков на соиграчите од клубот дека ќе се видиме во финалето“, изјави Субашиќ.

Најнови вести