Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2018

Тажен крај на хрватскиот сон – Франција е шампион на светот!

Репрезентацијата на Франција стана нов шампион на светот откако во спектакуларното финале на Мундијалот во Русија ја порази Хрватска со 4-2 (2-1).

Гледавме навистина спектакуларен дуел пред 78.000 гледачи на стадионот „Лужники“, беа постигнати шест гола, еден беше автогол, беше употребена технологијата ВАР, имаше неколку спорни и контроверзни ситуации, а секој љубител на фудбалот можеше апсолутно да ужива.
На крајот, „галските петли“ подобро ги искористија своите шанси, со малку среќа, и во нивното трето финале на светските првенства дојдоа до втората титула, прва по две децении.
Од друга страна, „огнените“ застанаа на чекор од остварување на сонот, но успеаја да направат нов најдобар резултат во историјата, надминувајќи го учинокот од Мундијалот во Франција 1998 година, кога токму домаќините ги елиминираа во полуфиналето, па мораа да се задоволат со бронзениот медал.

Најнови вести