Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Фалкао промаши пенал, Монако без голови ремизираше против Лил

Колумбиецот трагичар за „кнезовите“

Монако не ја оправда фаворитската улога и пред своја публика одигра реми без голови против Лил. Фалкао можеше да го земе целиот „плен“ за својата екипа, но, Колумбиецот промаши пенал во 69-тата минута.

Аминес претрпе втор пораз по две кола, овој пат од Монтпелје при конечни 1-2. Каен и Ница ги поделија бодовите при резултат од 1-1, Дижон беше сигурен против Нант со резултат од 2-0, а Рен со минимални 1-0 беше подобар од Анжер.

 

Најнови вести