Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Погба знае која е причината за поразот на Манчестер јунајтед

Пол Погба ја знае главната причина за неочекуваниот пораз на Манчестер јунајтед против Брајтон, а вината, пред сè, ја бара кај себе

Манчестер јунајтед нагази на неочекувана мина на гостувањето кај Брајтон, загуби со 2-3, а причините за поразот ги знае Пол Погба. 
„Одигравме мизерен меч. Ќе тргнам од себе, многу грешев и не одиграв на очекуваното ниво. Кога го носите дресот на Манчестер јунајтед треба да знаете со каква одговорност, желба и мотивација треба да играте. Ние комплетно потфрливме, не се боревме и навивачите се апсолутно во право што се незадоволни“, вели Погба.
Во Манчестер јунајтед врие по поразот од Брајтон, а виси и позицијата на Жозе Мурињо. Тимот не донесе адекватни засилувања, освен Фред, Погба сака да си замине во Барселона, а и атмосферата не е на нивото на најбогатиот клуб на светот.

 

Најнови вести