Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Њукасл со играч помалку промаши пенал за победа

Голманот на Кардиф го одбрани ударот на Кенеди

Кардиф и Њукасл одиграа без погодоци, во првиот меч од второто коло на англиската Премиерлига. Домаќините беа во пол позиција, бидејќи речиси 30 минути беа со играч повеќе по исклучувањето на гостинскиот играч Хајден, но на крајот може да бидат среќни што не загубија. 
Њукасл успеа да се одбрани, а во судиското надополнување имаше голема шанса за да ги освои трите бода. Морисон играше со рака во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал. Кенеди имаше можност да донесе радост на гостите, но голманот на Кардиф го одбрани неговиот удар и ги спаси домаќините од неуспех. 
За двете екипи ова беше прв бод сезонава, откако во првото коло претрпеа порази. Во Премиерлигата денеска ќе се одиграат уште пет натпревари, а кулминацијата е од 18:30 часот кога на „Стемфорд Бриџ“, во лондонското дерби ќе играат Челзи и Арсенал. 

 

Најнови вести