Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2018

Њукасл го доведе Фабијан Шер, ќе дојде и Јапонецот Муто

Швајцарскиот дефанзивен играч Фабијан Шер го засили Њукасл, а англискиот клуб договорил соработка и со Јапонецот Јошинори Муто.

Шер потпиша тригодишен договор и ќе дојде од Ла Коруња, за која минатата сезона одигра 25 натпревари.
Претходно играше за Хофенхајм, а настапи на сите четири натпревари кои репрезентацијата на Швајцарија ги одигра на Светското првенство во Русија.
Покрај Шер, на „Сент Џејмс парк“ би требало да стигне и 26-годишниот напаѓач Јошинори Муто.
Њукасл веќе постигнал договор со Мајнц, а трансферот би требало да изнесува околу десет милиони фунти.

Најнови вести