Корисничко име Лозинка Пријави се
26.4.2017

Роналдо ќе ја пропушти Ла Коруња

Кристијано Роналдо, ѕвездата на Реал Мадрид, нема да биде во составот на екипата на Зинедин Зидан за вечерашниот натпревар против Депортиво во Ла Коруња.

Кралскиот клуб вечерва, од 21.30 часот гостува во Галиција, но на стадионот „Ријазор“ нема да биде Роналдо, а ниту германскиот играч за врска Тони Крос, на кои Зидан има даде слободни денови за да се одморат.
Зинедин Зидан проценил дека Роналдо и Крос повеќе му се потребни за средбата во сабота, кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Валенсија.
Освен двајцата офанзивни играчи, повреден е и Велшанецот Герет Бејл, додека ослабена е и одбраната на Реал, каде што нема да биде повредениот Португалец Пепе, а шпанскиот стопер Серхио Рамос е суспендиран поради црвениот картон што го доби во Ел Класико.
Реал во неделата на неговиот стадион беше поразен од Барселона (3-2), во еден од повозбудливите натпревари на Ел Класико, па каталонскиот клуб повторно се врати во трката за титулата.
До крајот на шпанското првенство остануваат уште пет кола, а Реал има и еден заостанат натпревар против Селта. Мадриѓаните и Каталонците имаат по 75 бодови на чело на табелата, а во случај на еднаков број бодови, ќе одлучи меѓусебниот скор, кој е на страната на Барселона.

Најнови вести