Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Фулам е рекордер во трошење пари

Во листата на клубови кои во минатата сезона беа второлигаши, најактивен е новиот премиерлигаш.

Англискиот премиерлигаш Фулам ја предводи листата на нови прволигаши во топ лигите низ Европа, според потрошените пари во трансфер-периодот летово. Влегувањето во англиската елита, на Фулам му донесе минимум 90,2 милиони евра, и тоа без парите од телевизиските права. Амбициите на клубот чиј газда е Пакистанецот Кан, човек што го поседува и Џексонвил џагуарс во НФЛ-лигата, се да остане во елитното друштво подолго од првиот пат (од 2001 до 2014 година). 
Фулам досега за засилувања потроши 65 милиони евра (за 30 милиони го купија Сери од Ница, за 25 го донесоа Митровиќ од Њукасл, Фабри за шест дојде од Бешикташ, а Ле Маршан од Ница за четири милиони), потоа следуваат Вулверхемптон со 50 и Кардиф со 30,7 милиони евра. Емполи и Парма потрошија 12,8, односно 6,5 милиони долари, зад нив се Фортуна Диселдорф, Ремс, Фрозиноне, Рајо Валјекано, Ним, Нирнберг и Хуеска. Валјадолид е единствен кој нема потрошено ниту едно евро. 

Најнови вести