Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

Ширле пред враќање во Премиер лигата

Управата на новиот премиерлигаш Фулам е блиску до тоа да обезбеди уште едно големо засилување за Славиша Јокановиќ.

Како што пренесува „Скај спортс“, Андре Ширле, крилниот напаѓач на Борусија од Дортмунд, се наоѓа во Лондон и само медицинските прегледи го делат од потпишувањето на договорот.
Наводно, освојувачот на светската шампионска титула со Германија во 2014 година го избрал токму „Крејвен котиџ“ поради стилот на играта кој го негува српскиот менаџер, иако имаше понуди и од Милан и Кристал палас.
Вредноста на целата работа не е позната.
Ширле има 27 години, може да игра на повеќе позиции во нападот, а кариерата ја почна во Мајнц.
Со партиите во Баер од Леверкузен го заслужи трансферот во Челзи, каде што беше од 2013 до 2015, а настапуваше уште и за Волфсбург.
Доколку сè помине според планот, Германецот ќе стане трето засилување на клубот во летниот преоден рок – по голманот Фабри од Бешикташ, но и Жан Мишел Сери, кој беше платен 30 милиони евра на Ница, како и неговиот соиграч Максим Ле Маршанд.

Најнови вести