Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2018

Ројс во Борусија до 2023 година

Марко Ројс, играчот за врска на Борусија од Дортмунд, го продолжи договорот со клубот до 2023 година, соопштено е од германскиот клуб.

Ројс редовите на Борусија ги засили на четврти јануари 2012 година, кога потпиша петгодишен договор за сума од 17,1 милион евра.
За клубот од Дортмунд досега одигра 125 натпревари и постигна 59 гола и четири асистенции.
За Борусија дебитираше на 24-ти август 2012 година, кога во победата над Вердер од Бремен (2-1) постигна гол.
За репрезентацијата на Германија на 29 натпревари постигна девет гола.

Најнови вести