06.8.2018 Витсел во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра
Белгискиот играч за врска се враќа на стариот контитент
Аксел Витсел ќе го засили тимот на Борусија Дортмунд, откако Тијажин Куанжин ја прифати понудата од „милионерите“ вредна 20 милиони евра. Белгиецот стави потпис на петгодишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Дваесет и деветгодишниот играч за врска имаше импресивен настап на Светското првенство во Русија, каде со својата Белгија стигна до третото место.
Битсел во 2017 година се пресели во Кина од редовите на Зенит, за Тијажин настапи на 35 натпревари на кои пет пати се запиша како стрелец.