Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

„Милионерите“ од Дортмунд се спасуваа на рати

Борусија Дортмунд избегна голема сензација во купот на Германија и со двата гола во вистински момент, по продолженијата, го победи домашниот Гројтер Фирт

Второлигашот Гројтер Фирт беше на прагот на големо изненадување и елиминација на Борусија Дортмунд во националниот Куп на Германија, но не успеа да издржи за неколку секунди.
Фабијан Ернст им донесе предност на домаќините во 77-мата минута, а Вицел со гол во петтата минута од судиското продолжение го спаси фаворитот од Дортмунд од елиминација. Гостите потоа направија и комплетен пресврт во дополнителните 30 минути и со голот на Марко Ројс се пласираа во следната рунда.
Националниот куп на Германија секогаш е интересен бидејќи се игра по нокаут-систем, со еден меч, а на самиот старт веќе имаше две сензации. Нисколигашот Улм го исфрли од игра актуелниот освојувач на трофејот Ајнтрахт од Франкфурт, а и Бундеслигашот Штутгарт е елиминиран веќе на стартот од натпреварувањето.

Најнови вести