Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Првата лига во кошарка само со 10 екипи, без Шкупи и Водњански Лисици

Првата кошаркарска лига ќе брои 10 наместо 12 екипи во новото издание, а Комисијата за итност во КФМ донесе одлука да ги „елиминира“ двете екипи што не ги исполнија условите

Македонската кошаркарска федерација, односно Комисијата за итност денеска донесе одлука бројот на екипи во Првата лига да брои 10 екипи. Патем објавени се условите за влез во Првата лига за идната сезона (2019/20).
КК Водњански Лисици не ги доби очекуваните пари од општина Карпош, а КК Шкупи не ја уплати предвидената котизација, па овие две екипи нема да играат во највисокиот ранг на натпревари, иако беа предвидени.
Двете последнопласирани екипи од Плејаут лигата ќе се надигруваат по бараж-систем со двете најдобри екипи од Втората лига мажи за опстанок, односно влез во Првата лига мажи за сезоната 2019/20. На натпреварите од баражот не е дозволен настап на странски играчи.
Се донесе и одлука за намалување на висината на казната за техничките грешки, но и воведување казна во форма на суспензија на играч или тренер со одреден број натпревари.

 

Најнови вести