Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

НБА шампион уапсен во Холивуд

Екскошаркар на Голден стејт ноќта ја поминал во полициска станица откако одбил да соработува со полициските службеници

Доскорешниот член на Голден стејт вориорс, Ник Јанг, бил уапсен во Холивуд во петокот навечер откако се противел да соработува со полициските службеници при рутинска контрола. Јанг одбил да излезе од своето возило за да им дозволи на службениците да си ја вршат работата, по што бил одведен во најблиската полициска станица, додека возилото му било одземено таа вечер, објасни очевидец за еден од американските медиуми.

Триесет и тригодишниот кошаркар и во минатото имал слични проблеми со полизијата. Во 2016 година бил уапсен исто во Холивуд, поради одбивање да го намали тонот на музиката во својот автомобил, па бил приведен поради нарушување на јавен ред и мир.

Јанг беше дел од тимот на Голден стејт кој во јуни годинава ја освои шампионската титула во НБА.


 

Најнови вести