Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Ману Џинобили размислува за пензија

Долгогодишниот член на Спарси размилсува да се повлече од кошаркарските терени

По дваесет и тригодишна кошаркарска кариера, Ману Џинобили размилува да стави крај на патешествието. Бекот на Сан Антонио во наредниот период треба да се сретне со неговиот тренер Грег Попович за да разговара околу неговата иднина, известува главниот извор на ЕСПН за НБА, Едриен Војнаровски.

Четириесет и едногодишниот Аргентинец и покрај дилемата, тој цело лето се подготвуваше за новата сезона, но засега нема одлучено дали ќе ја започне или, пак, ќе оди во пензија пред стартот на новиот шампионат во НБА.

Доколку Џинобили реши да стави крај на професионалната кариера, во Сан Антонио ќе заврши уште една ера, откако летово тимот го напушти Тони Паркер по цели 17 години, додека Тим Данкан се пензионираше по завршувањето на сезоната во 2016 година.

На Џинобили му преостанува уште една сезона од договор со Спарси, според кој ќе заработи 2,5 милиони долари доколку одлучи да игра. Ману е член на франшизата од Тексас од 2002 година, а во изминативе 16 години тој четири пати ја освојуваше шампионската титула со Сан Антонио. Тој е еден од најдобрите интернационалци кои заиграле во НБА.

Најнови вести