Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Александар Костоски го засилува Гостивар

Македонскиот репрезентативец се враќа во домашното првенство по две години

Александар Костоски е новото звучно засилување во редовите на Гостивар. Македонскиот репрезентативец ќе игра за тимот на Марјан Србиновски во следната сезона, а доаѓа од романскиот клуб Питешти, каде што ги помина изминативе две години.

Искуството на Костоски ќе биде од големо значење за прволигашот во обидот да се избори за место кое носи во плејофот. За триесетгодишниот плејмејкер ова ќе биде седми македонски клуб, откако претходно настапуваше за Работнучки, Торус, Вардар, Вардар осигурување, Куманово и МЗТ Скопје.

Гостиварци полека-полека го комплетираат ростерот, претходно склучија соработка со Американецот Џо Фурстингер и Мартин Шалев.

Најнови вести