Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Шенгелија останува во Басконија до 2022 година

Басконија го задржа својот најдобар поединец во ростерот

Токо Шенгелија ќе го носи дресот на Бсконија до 2022 година, со потпишување на договорот тој стана меѓу најплатените кошаркари во Европа. Во новиот договор стои клаузула според која само НБА тим може да се обиде да го ангажира дваесет и шестгодишниот Грузиец, додека европските екипи немаат право да преговараат со него.

Шенгелија настапува за Басконија уште од 2014 година, додека минатата сезона избран во најдобрата Евролига петорка, како и идеалниот тим во шпанското првенство. Во минатогодишниот шампионат од најелитнито европско клупско натпреварување, Шенгелија бележеше просек од 13.7 поени, 6.6 скока и 2.2 асистенции по натпревар.

Најнови вести