Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Реал Мадрид има „нов“ Лука Дончиќ

Урбан Клавзар е новиот супер-талент на европскиот првак

Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, во своите редови го доведе словенечкиот супер-талент Урбан Клавзар. Четиринаесетгодишниот кошаркар имаше одличен настап за својата репрезентација на Европското првенство до 16 години, каде имаше просек од 11.9 поени и две асистенции по натпревар.

Младиот Словенец веќе го споредуваат со Лука Дончиќ, екскошаркарот на „кралевите“. Клавзар го истакнал својот талент играјќи за Хелиос санс, а во еден натпревар против Нова Горица постигнал 14 поени за само две минути.

Реал продолжува да ангажира млади перспективни кошаркари на кои им дава можност да се усовршуваат во својата академија, а воедно им нуди шанса во иднина да се докажат и на најголемите натпреварувања. На сличен начин го доведоа и Дончиќ, кој подоцна прерасна во ѕвезда со само 18 години, освојувајќи го трофејот на ЕП со Словенија минатата година, како и Евролигата со Реал Мадрид една година подоцна, односно на последниот фајнл-фор кој се одржа во Белград.


 

Најнови вести