Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Србите со НБА „петорка“ против Грција и Естонија

Селекторот Ѓорѓевиќ објави силен список за претстојните квалификациит за СП во Кина

Актуелниот олимписки, светски и европски вицешампион, репрезентацијата на Србија, ќе настапи со најсилниот состав во квалификацискиот прозорец против Грција и Естонија во септември.

Селекторот Александар Ѓорѓевиќ ги повика сите кошаркари, без разлика дали се членови на НБА или Евролига екипи. Застрашувачки изгледа првата петорка на „орлите“, односно петтeмина кои настапуваат во НБА-лигата, а тоа се : Милош Теодосиќ, Бобан Марјановиќ, Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица и Никола Јокиќ. Само присусвото на Јокиќ е под знак прашалник, останатите дефинитивно ќе играат во септември.

Но и без ѕвездата на Денвер, Србите имаат исклучително силен ростер. Работата ќе им биде олеснета против Грција бидејќи нејзиниот најдобар играч Јанис Антетокумпо нема да игра за својата селекција, додека против Естонија, со овој состав се апсолутни фаворити.

Против Грција играат на 13-ти септември во Ираклион, три дена подоцна ја пречекуваат Естонија во салата „Александар Николиќ“ во Белград.

Богдан Богдановиќ (Сакраменто кингс)
Немања Бјелица (Сакраменто кингс)
Милош Теодосиќ (ЛА клиперс)
Бобан Марјановиќ (ЛА клиперс)
Никола Јокиќ (Денвер нагетс)
Немања Недовиќ (Армани Милано)
Драган Милосављевиќ (Уникаха)
Никола Калиниќ (Фенербахче)
Стефан Јовиќ (Баерн)
Владимир Лучиќ (Баерн)
Стеван Јеловац (Бамберг)
Огњен Кузмиќ (Реал Мадрид)
Стефан Бирчевиќ (Банвит)
Марко Симоновиќ (Зенит)
Мирослав Радуљица (Џангсу Драгонс)
Никола Милутинов (Олимпијакос)
Василије Мициќ (Анадолу Ефес)
Стефан Пено (Алба)
Алекса Аврамовиќ (Варезе)
Дејан Тодоровиќ (Мурсија)
Никола Јовановиќ (Црвена ѕвезда мтс)
Огњен Добриќ (Црвена ѕвезда мтс)
Алекса Раданов (Црвена ѕвезда мтс)
Ѓорѓе Гагиќ (Партизан НИС)


 

Најнови вести