Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Облак од 200 милиони евра

Голманот на Атлетико Мадрид ќе потпише нов договор, а во него ќе има клаузула од 200 милиони евра

Jан Облак, голманот на Атлетико Мадрид, ќе потпише нов договор со клубот. Словенечкиот репрезентативец покрај покачување на платата, ќе добие и енормна клаузула од 200 милиони евра, двојно повеќе од моменталната сума.

Овој потег на раководството на „јорганџиите“ е логичен, откако летово можеа да останат без нивниот чувар на мрежата покрај интересот од ПСЖ и Челзи.

Дваесет и петгодишниот голман пристигна во Мадрид во 2014 година, заменувајќи го Тибо Куртуа, настапи на 160 натпревари за екипата на Симеоне, а воедно заслужи статус на еден од најдобрите чувари во Европа.

Најнови вести