Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Голема победа за Македонија против Чешка за трето место и влез во елитата

Кадетите триумфрираа против чешката репрезентација и го освоија третото место на ЕП до 16 години (Б дивизија)

 Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години славеше убедлив триумф над Чешка со резултат од 84:66. Избраниците на Јованчев одиграа одличен и пред се, доминантен натпревар во кој ретко кога ги покажаа своите слабости. Македонија со овој триумф обезбеди пласман во елитата, односно во дивизија А.

Македонија веднаш презеде контрола врз мечот освојувајќи го првиот период со 23:18, втората четвртина припадна на чешката репрезентација, но со минимални 16:17, додека на пауза заминаа со резултат од 39:35.

Клучен беше третиот период во кој нашите кадети реализираа 30 поени, при тоа го освоија со 30:14 и си обезбедија удобна предност за последни 10 минути од средбата. Во финишот нашите кошаркари своевремено имаа и 20 поени разлика, но откако го намалија темпото Чешка успеа да го направи поразот помалку болен.

Во нашиот состав најефикасен беше Миловановиќ со 23 поени и 14 скока, Андоновски забележа 15 поени. За Чешка најрасположен беше Хребик со 22 поени.

Најнови вести