Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

МКФ ги пречека новите јунаци на Македонија

Кадетите пречекани како шампиони, претседателот Наумоски си доби подарок

Кадетската кошаркарска репрезентација денес беше пречекана во просториите на МКФ по успехот кој го остварија на ЕП за млади до 16 години (Б дивизија), каде што нашата селекција го освои третото место и обезбеди место во елитата.

Во „малото финале“ нашите надежи убедливо ја совладаа Чешка и го освоија бронзениот медал, кој за првпат по 2002 година донесе и настап во А-дивизија за една од младиснките селекции од нашата земја.

Претседалот Петар Наумоски, генералната секретарка Моника Гавриловска, како и спортскиот директор Владимир Темелковски ги истакнаа своите импресии за целокупниот настап на репрезентацијата. Челниците на Федерацијата посочија дека се презадоволни од достигнувањето на проектот „заедно до м16“ и им порачаа на младите кошаркари дека нивното време допрва доаѓа и дека во иднина ќе треба уште повеќе да работат со цел да продолжат да редат успеси како на репрезентативен така и на клупски план.

Претседателот Наумоски си доби и подарок, односно му беше доделен бронзениот медал од страна на селекторот Јованчев.

Најнови вести