Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Од „бронзените“, само еден може да игра на кадетско ЕП 2019

Барем 11 нови играчи ќе имаме во националниот тим што ќе се бори со најдобрите во Европа

Само еден член на кадетската репрезентација на Македонија која го освои третото место во Б дивизија, ќе има прилика да настапи и на елитното ЕП следната година. Тоа е Андреј Митревски, 185-сантиметри високиот член на Феникс 2010. Тој на шампионатот во Сараево имаше просек од 2,4 поени и 1,6 скока за 6,5 минути по меч, и беше единствениот што е роден во 2003 година, сите други се 2002 годиште. 

Сега, ќе треба да се направи сосема нов тим, бидејќи вгодина кадети ќе бидат тие што се родени 2003 и помлади. 

На кадетското ЕП следната година, ќе учествуваат Хрватска, Шпанија, Турција, Франција, Србија, Грција, Литванија, Летонија, Германија, Израел, Естонија, Италија, Словенија, Русија, БиХ, и Македонија. 

Првпат откако делбата е направена на А и Б дивизија, а тоа е од 2004 година наваму, Македонија ќе игра на елитното ЕП во оваа возрасна категорија. 

Досега на ЕП од А дивизија, нашите играле само во 2007, во Нова Горица, и тоа во конкуренција на младинци до 20 години. Македонија тогаш беше претпоследна и експресно се врати во Б дивизија, откако во 2006, во Лисабон, бевме втори. Тогаш, од тие што ја внесоа Македонија од Б во А дивизија, дури седуумина играа и наредното лето, кога испаднавме. 

Тоа беа Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Никола Караколев, Кирил Николовски, Марјан Јанески, и Јован Марковски.

 
 

Најнови вести