Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Македонија домаќин на Европско првенство во атлетика

„Филип Втори“ ќе биде центарот на случувањата на ЕП во атлетика (трета лига)

Македонија ќе ја има честа да биде домаќин на Европско првенство во атлетика (трета лига) следната година. Европската атлетска асоцијација одлучи ова првенство да се одвива во Скопје, односно на арената „Филип Втори“, а ќе се одржи на 10-ти и 11-ти август 2019 година.

Предвидено е да учествуваат околу 300 атлетичари од 12 земји, меѓу кои се: Албанија, Азербејџан, Андора, Арменија, Грузија, Црна Гора и останати помали земји–учесници, како и Македонија во улога на домаќин.

Натпреварувањето е поделено во 40 дисциплини во машка и женска конкуренција.


 

Најнови вести