Корисничко име Лозинка Пријави се
13.10.2018

Лејкерс и без Леброн го преслуша шампионот

Иако е само предсезона, „езерџиите“ им покажуваат заби на актуелниот НБА шампион

ЛА Лејкерс веќе втор пат во два дена го совлада шампионот Голден стејт вориорс, овој пат во „Оракл“ арената во Оукленд, со конечни 119-105. Иако „воините“ на полувреме водеа со 13 поени разлика, „езерџиите“ предводени од анонимецот Свјатислав Михаијлик(22 поени) успеаја да направат пресврт, и да им го нанесат четвртиот пораз на Голден стејт по пет предсезонски средби.

Покрај Михаијлик, втор најефикасен беше Кајл Кузма со 19 поени, додека во редовите на Голден стејт се истакна Клеј Томсон со 21 поени, и Квин Кук со 20 поени. Леброн Џејмс остана на  клупата и воопшто не излезе на терен, а неговиот лејкерси триумфираа и без него.

Ракетите од Хјустон без проблеми ја совладаа екипата на Мемфис со 121-103. Како и по обичај, Харден беше најразиграниот кошаркар од Хјустон со 23 поени, шест скока и шест асистенции, додека Крис Пол забележа дабл-дабл учинок со 14 поени и 11 асистенции. Џерен Џексон беше најефикасниот играч од Гризлис со 18 поени.

Средбата Чикаго булс – Денвер нагетс, е единствениот меч на кој не се постигнаа 100 или повеќе поени, а на Денвер за оваа граница им требаше само еден кош. Средбата заврши 98-93 во корист на тимот од Денвер, а како најефикасен во составот се истакна Гери Херис со 18 поени, додека Џабари Паркер со 19 поени ги предводеше „биковите“.

На „елените“ од Милвоки малку им требаше да стигнат до 150 поени, а во победата над Минесота реализираа 143 поени. Веќе на полувреме водеа со високи 31 поени разлика, а Адетокумбо заврши со трипл-дабл учинок од 32 поени, 12 скока и 10 асистенции. Во редовите на Минесота најрасположен беше Таџ Гибсон со 21 поени и седум скока.

Резултати НБА предсезона:

Кливленд – Детроит 110-129

Далас – Шарлот 118-123

Орландо – Сан Антонио 81-100

Њујорк – Бруклин 107-113

Чикаго – Денвер 93-98

Мемфис – Хјустон 103-121

Мајами – Атланта 119-113

Милвоки – Минесота 143-121

Портланд – Сакраменто 118-115

Голден стејт – ЛА лејкерс 105-119

Најнови вести