02.7.2018 Леброн се сели на Западот, со Лејкерси ќе го предизвика Голден стејт
Американските медиуми објавија дека Леброн Џејмс по прв пат се сели на западниот американски брег и тоа во славните Лос Анџелес лејкерс.
Лејкерси беа во потесниот круг на тимови во кои по многумина најдобриот кошаркар на денешницата би можел да ја продолжи кариерата, а се покажа дека имаат најдобри услови за тоа.
На прво место е големиот простор во „селари капот“, а според информациите договорена е четиригодишна соработка во висина од 154 милиони долари.
Еден од најтрофејните НБА клубови нема да се задоволи само со овој потпис и амбициите се да се ангажира најмалку уште една супер ѕвезда, а големи се шансите тоа да биде Кавај Ленард кој призна дека е фан на Лејкерси.
За Леброн Џејмс ова ќе биде прв клуб од Западната конференција по 15 години поминати на Истокот.