Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Баерн е единствениот евролигаш без играчи со НБА искуство

Баварците во својот состав немаат ниту еден играч кој настапувал во НБА, а другите 15 имаат барем по еден

Дури 15 од 16-те тимови кои ќе играат во Евролигата во следната сезона, во својот состав имаат кошаркари кои некогаш настапувале во НБА лигата. Единствениот тим кој нема играчи со НБА искуство е германскиот Баерн Минхен, а рекордер е европскиот првак Реал Мадрид со седуммина. 
Дресот на Реал го носат седум поранешни НБА членови (Рендолф, Фернандез, Ајон, Таварес, Кузмиќ, Томпкинс и Тејлор), Анадолу Ефес (Ларкин, Браун, Бобоа, Андерсон и Плајс), Химки (Швед, Томас, Џенкинс, Мики и Моња), Панатинаикос (Калатис, Адетокумбо, Ласме, Папајанис и Ленгфорд) и ЦСКА Москва (Де Коло, Родригез, Петерс, Хигинс, Хантер) имаат по пет екс-НБА играчи, Барселона (Серафен, Синглтон, Наваро и Клавер) и Фенербахче (Весели, Датоме, Ловерњ, Енис) по четворица, Олимпијакос (Спанулис, Папаниколау и Тупан), Армани (Џејмс, Недовиќ, Кузминскас), Басконија (Хуертас, Шенгелија, Гарино) и Дарушафака (Мек Калум, Браун и Џеферсон) по тројца, Будуќност (Ерл Кларк и Коти Кларк), Жалгирис (Дејвис и Волтерс) и Макаби (Пагро и О`Брајант) по двајца, а Гран Канарија (Стробери) еден. 

 

Најнови вести