Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2018

Леброн ја одбил понудата на Кливленд, станува слободен агент

Леброн Џејмс го известил Кливленд дека ја одбива понудата на клубот од 35,6 милион долари колку би заработил со актуелниот договор за следната сезона, што не значи нужно дека ќе ги напушти „кавси“.

Најдобриот кошаркар на Кливленд Леброн Џејмс ја одбил понудата да игра за клубот за плата од 35,6 милиони долари што може да значи дека ќе стане слободен агент и по втор пат да го напушти Кливленд.
Џејмс нема да го продолжи договорот со Кливленд додека не ги сослуша понудите на другите клубови што во пракса најчесто значи дека ќе го смени клубот.
Тоа значи дека Леброн ќе стане неограничен слободен агент, но не се знае кој клуб би можел да му понуди договор кој ќе му одговара.
Клубови кои најчесто се спомнуваат како најзаинтересирани се Филаделфија, Хјустон и Лос Анџелес лејкерс.

Најнови вести