Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Леброн Џејмс тренира во Берлин

Од клубот Алба Берлин се пофалија дека најдобриот кошаркар на светот тренирал во нивната помошна сала

Леброн Џејмс е во Германија и тренирал во помошната сала на Алба Берлин. Оваа информација, заедно со три фотографии, беше објавена од страна на Алба, клубот чиј дрес пред неколку сезони го носеше Војдан Стојановски.  

Џејмс летово направи трансфер од Кливленд кавалирс во Лос Анџелес лејкерс и очекувањата од него се големи. Одеднаш, тимот кој не играше ниту плејоф во минатата сезона, стана еден од сериозните кандидати за титула, иако на Западот во НБА конкуренцијата е многу силна. 

Друштво на Џејмс во салата во Берлин му правеа тренерот на Алба, Шпанецот Аито Гарсија Ренесес, американскиот бек Пејтон Сива и спортскиот директор Химар Оједа. Засега не се знае целта на посетата на Берлин, но Џејмс сакаше да го искористи моментот да направи индивидуален тренинг за одржување на формата пред почетокот на подготовките на Лејкерс. 

 

Најнови вести