Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2017

Нова бомба во НБА: Вејд и Леброн Џејмс повторно заедно!

Двејн Вејд се договорил со Кливленд кавалирс и во наредната сезона повторно ќе игра заедно со Леброн Џејмс, пренесува ЕСПН.

Како што е соопштено, Вејд ќе потпише едногодишен договор вреден 2,3 милиони долари.
Вејд во кариерата освои три титули на НБА-лигата со Мајами,  а последните две во 2012 и во 2013 година ги освои во тандем со Џејмс, со кого повторно ќе игра во иста екипа.
Кошаркарот роден во Чикаго веќе има 35 години и зад себе блескава кариера во текот на која на 915 натпревари во регуларните сезони просечно постигнуваше по 23,3 поени и имаше по 4,8 скокови и по 5,7 асистенции.
Освен од Кливленд, Вејд ги разгледувал и понудите од Оклахома, Сан Антонио и Мајами. Минатата сезона во дресот на Чикако на 60 натпревари имаше 18,3 поени, 4,5 скокови и 3,8 асистенции по натпревар.
Кливленд ова лето го напушти Кајри Ирвинг, а стигнаа: Ајзеа Томас, Дерик Роуз, Џеди Осман...

Најнови вести