Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Доналд Трамп со тешки навреди кон Леброн Џејмс

Поголемиот дел од кошаркарите застанаа во одбрана на „Кралот“

Војната на зборови помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и првата ѕвезда во НБА лигата, Леброн Џејмс продолжи и тоа со офанзива на првиот човек на Америка. 
Трамп на својот Твитер профил реши да го искоментира неодамнешното интервју на Леброн Џејмс со новинарот Дон Лемон. 
„Леброн Џејмс беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизијата, Дон Лемон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воопшто не е лесно да се направи. Ми се допаѓа Мајк“, напиша Трамп, кој со последната реченица само потврди дека повеќе го сака Мајкл Џордан од Џејмс.
Најдобриот играч во НБА лигата, Џејмс често знае да го критикува претседателот на САД. Во септември 2017 година, јавно го нарече „пропалица“, откако Трамп не дозволи играчите на Голден Стејт да влезат во Белата куќа, што е традиција за шампионот во НБА лигата. 
Во целата конверзација на Џејмс и Трамп се вклучи и легендарниот Мајкл Џордан, кој застана зад Џејмс. 
„Го поддржувам Џејмс. Тој прави неверојатна работа за заедницата“, беше изјавата на Мајкл Џордан.

Најнови вести