Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2018

Шампионот ги штеди силите во претсезонските мечеви во НБА

Голден Стејт утрово беше поразен од Феникс Санс

Актуелниот НБА првак Голден Стејт го претрпе и вториот пораз во претсезонските дуели. „Воините“ овојпат на свој терен беа совладани од Феникс Санс со 109:117. Речиси во текот на целиот меч „сонцата“ беа во предност и на крајот стигнаа до првата победа во подготвителниот период.
Првата ѕвезда на Голден Стејт, Стеф Кари за 24 минути на теренот, даде 23 поени, додека Кевин Дурант имаше вкупно 12 поени. Драјмон Грин, Клеј Томпсон, Андре Игудала и уште неколку играчи кои треба да ја носат играта на шампионот, не настапија на овој меч.
Во останатите утрински дуели во НБА: Шарлот – Чикаго 110:104, Кливленд – Индијана 102:111, Детроит – Бруклин 108:110, Мајами – Орландо 90:89 и Њујорк – Вашингтон 98:110.

Најнови вести