Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Сѐ е готово – Кармело Ентони една година во Хјустон рокетс

Мело ја продолжува НБА авантурата крај Џејмс Харден

Кармело Ентони и официјално ја продолжува кариерата во редовите на минатогодишниот вицешампион од западот, Хјустон рокетс. Ентони се согласи на едногодишен договор според кој ќе заработи 2,4 милиони долари, откако претходно во текот на денот и официјално го раскина договорот со Атланта хокс.

Искусниот кошаркар при почетокот на овосезонските подготовки го засили ростерот на „соколите“ откако ја напушти Оклахома, но и двете страни набрзо се согласија да ја прекинат соработката, со цел Ентони да пристигне во франшзата од Тексас како слободен агент.

Со овој ангажман Хјустон има јасни амбиции за новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, а тоа е да се прекине доминацијата на Голден стејт вориорс.

 



 

Најнови вести