Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Теодосиќ ја велича младата ѕвезда на Далас: Олку талентиран млад играч немало по Дражен Петровиќ

Српскиот плејмејкер го споредува Дончиќ со легендарниот Хрват

Милош Теодосиќ, бекот на ЛА клиперс, е убеден дека на Лука Дончиќ, новакот на Далас маверикс, му претстои богата кариера. Екс кошаркарот на ЦСКА е еден од низата кошаркари и тренери кои го потврдуваат потенцијалот на младиот Словенец, кој само со 19 години ја покори Европа.

„Досега немам видено поталентиран млад кошаркар од Дончиќ, олку добар беше само Дражен Петровиќ. Лука го однесе Реал на врвот на Европа, пред две години тоа го направи со Словенија. Нема сомнежи дека му претстои многу успешна кариера во НБА. Му треба време да се адаприта, а со Новицки покрај себе, тој ќе прави големи работи“, истакна Тео.

Најнови вести