Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2018

Леброн за историја и за победа на Кавалирс над Нетс

Кошаркарите на Кливленд кавалирс беа подобри од Бруклин Нетс со резултат 129:123 во дуелот во којшто Леброн Џејмс дојде до уште еден трипл-дабл во сезоната.

Леброн натпреварот го заврши со 31 поен, 12 скока и 11 асистенции и со тоа дојде до уште едно големо достигнување во неговата кариера.
Тој стана прв играч во историјата со 30.000 поени, 8.000 скокови и 8.000 асистенции.
Кавалирс имаа голем број расположени играчи на овој натпревар, уште петмина од нив дојдоа до двоцифрен број поени, а предност имаат Џорџ Хил со 26 и Кајл Корвер со 18.
Кај тимот на Бруклин дури седуммина играчи имаа двоцифрен учинок, најдобар беше Д’Анџело Расел со 25.
Шарлот хорнетс го совлада Чикако булс со резултат 118:103, 31 поен постигна Кемба Вокер и 24 поени Двајт Хауард.
Мајами во неизвесниот дуел ја совлада Филаделфија со 102:101, Двејн Вејд постигна 27 поени за победникот, Горан Драгиќ имаше 21 поен, шест скока и пет асистенции.
Вашингтон визардс во уште една драматична средба го совладаа Милвоки со 107:104.

Најнови вести