Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2017

Кливленд како на тренинг до втора победа над Бостон

Во вториот натпревар од финалето на Источната конференција, кошаркарите на Кливленд целосно го разбија Бостон и убедливо победија со 86:130, за водство од 2-0 во серијата.

Леброн и дружината беа безмилосни кон Бостон. Победникот дефинитивно беше одлучен во одличната серија на Кливленд од 29:6 во вториот период , а на паузата резултатот беше 31:72 за гостите. Тоа е најголемо водство на една екипа на полувреме во историјата на плејофот во НБА-лигата.
На крајот на првото полувреме, Ајзеа Томас, играчот на Бостон, мораше да го напушти натпреварот поради повреда на колкот, па се знаеше дека понатаму нема да може да се случи чудо. Кливленд во последната четвртина од натпреварот во еден момент дојде до предност од повеќе од 50 поени, а тоа беше големо понижување за Бостон на негов терен.
За екипата на Кливленд ова е 13-та победа по ред во плејофот, а десетта само во годинешното издание. Леброн Џејмс осми пат последователно во плејофот постигна повеќе од 30 поени, со што влезе во историјата, а успеа да го престигне и легендарниот Мајкл Џордан на второто место со најмногу украдени топки во плејофот.
Најефикасен играч во екипата на Кливленд беше Леброн Џејмс со 30 поени, четири скока и седум асистенции, потоа следуваат Ирвинг со 23 и Лов со 21 поен. Кај Бостон најкорисен беше Браун со 19 поени, Бредли постигна 13, а Хорфорд 11 поени.

Најнови вести