Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Тринаесетката е романтична - Работнички ја победи Академија Пандев и ѝ се приклучи на врвот

Со голот на Остоја Стјепановиќ од пенал во 13. минута Работнички го победи лидерот Академија Пандев и им се приклучи на струмичани на врвот на табелата

Работнички со гол од пенал го доби вечерното дерби од четвртото коло во домашното првенство против Академија Пандев.
Тринаесетката испадна романтична за скопјани и баксузна за Академците на Пандев, откако во 13. минута Остоја Стјепановиќ погоди од белата точка. Тоа беше решавачки момент на дербито, доволно за триумф на домаќинот.
По четири кола сега двете екипи се израмнети на врвот на табелата со по девет бода, пред Вардар со осум бодови.

 

Најнови вести