Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Црвените картони се малерозни за Шкупи

Прволигашот Шкупи скромно ја почна новата сезона и нема победа по три кола во домашното првенство, испадна и во првото коло од националниот куп, а го бие и малер со исклучувањата

Шкупи најави големи амбиции во новата сезона, но засега не им оди според планот на чаирчани и на сите досегашни четири меча немаат победа. И, како своевиден куриозитет, на сите дуели имаше исклучувања, две за Шкупи и две за нивните ривали. Во ситуација 11 на 10 фудбалери на теренот, скопјани не се снаоѓаат најдобро, без разлика дали беа со играч повеќе,или помалку.
На премиерата во Кратово, против Силекс, исклучен беше Адем и Шкупи со играч помалку на теренот одигра нерешено, 1-1.
Во следното коло предвреме, поради црвен картон, во соблекувалната мораше да замине Рон Броја, а Шкупи како домаќин со десетмина на терен одигра без голови со Победа. Следуваше сензационалниот пораз и елиминација од домашниот Куп, со пораз од Кит-Го. Пехчевци го надиграа прволигашот, победија со 2-0, иако од 22рата минута играа без Дураковиќ, кој беше исклучен. И вчера Шкупи беше во слична ситуација, имаше играч повеќе против Академија Пандев, но со наведнати глави и со пораз од 0-1 ја напуштија Струмица.
Во меѓувреме си замина и тренерот Зекири Рамадан, па Шкупи мака мачи на стартот на сезоната. Почеток во знакот на црвените картони и неуспешните настапи на еден од фаворитите од сенка за титулите на домашната сцена.

 

Најнови вести