27.8.2018 Макота играл за Камерун, доаѓа од Франција, ќе ја засили прилепска Победа
Победа ќе биде посилна во продолжението од домашниот шампионат, а во клубот од Прилеп како големо засилување доаѓа 26-годишниот француски напаѓач Јаник Макота
Јаник Макота ќе биде големо засилување за Победа Прилеп, а се очекува да настапи во следното коло од домашното првенство, против Силекс. Прилепчани објавија дека се чека комплетната документација за да го регистрираат како свој играч 26-годишниот Французин. За тоа имаат време до крајот на преодниот рок, а ако сè биде в ред, Макота ќе биде 13-ти фудбалер што летово е ангажиран како засилување.
Макота потекнува од фудбалската школа на Лион Душер, има играно за Нанси и во неколку белгиски третолигаши. Интересно е што Макота настапувал за младата селекција на Камерун за играчи до 20 години, заедно со вардаровиот фудбалер Кларенс Битанг.