Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2018

Вицел се враќа во Европа

Белгискиот играч за врска Аксел Вицел наскоро би можело да го напушти кинескиот Тијанџин Чјуанџјан и да ја засили Борусија од Дортмунд, а трансферот ќе чини 20 милиони евра, пренесуваат германските медиуми.

Освојувачот на третата позиција со Белгијците на неодамнешниот Мундијал, наводно, на почетокот на оваа седмица би требало да допатува во Германија за да ги направи лекарските прегледи и да ја официјализира соработката со „милионерите“. Тој би требало да биде шесто засилување на екипата на Луцијан Февр ова лето. Досега во клубот дојдоа: Томас Дилејни, Марвин Хиц, Абду Диало, Мариус Волф и Ашраф Хакими.
Дваесет и деветгодишниот Вицел потекнува од Стандард од Лиеж, од кого во 2011 година направи трансфер во Бенфика. Во Лисабон се задржа една сезона, а потоа стана член на Зенит.
Во рускиот тим играше до зимата 2017, кога одлучи да се пресели во Кина и да го облече дресот на Тијанџин.

Најнови вести